İbrahim Uzun
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
АЈДИН (АА) - Четири крузери со вкупно 2.800 патници пристигнаа во поморскиот град Кушадаси во Ајдин, Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Крузерите „Сиборн Енкор“ под знамето на Бахамите, „Сирена“ под знамето на Маршалските Острови, „Стар прајд“ под знамето на Бахамите и „Викинг СКАЈ“ под знамето на Норвешка пристигнаа утринава во пристаништето Еге во Кушадаси.
Повеќето од 2.800 туристи за крстарење, главно американски државјани, го посетија античкиот град Ефес и Куќата на Богородица за време на нивната посета на Кушадаси.
Останатите патници се упатиле кон центарот на градот.
Генералниот директор на пристаништето во Кушадаси, Азиз Ѓунѓор, за новинарите изјави дека планираат да пречекаат 74 крузери само овој месец.
Тој посочи дека денеска првпат по шест години во пристаништето биле угостени четири крузери во исто време.
„Се надеваме дека во текот на летната сезона ќе има денови кога ќе бидеме домаќини на шест брода во исто време. Пристаништето Кушадаси, едно од пристаништата што прима најмногу бродови во Медитеранот, брзо се враќа во старите времиња. Тоа е многу важно за нашата земја. Сакаме сите сегменти од овој вид туризам да имаат профит“, рече Гунгор.