Hüseyin Bağış
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
ИЗМИР (АА) – ХУСЕЈИН БАГИШ –
Салепот, кој со својот мирис и вкус е еден од незаменливите напитоци во зимските месеци, почна да се произведува и со арома на овошје, пишува Агенција Анадолија (АА).
Индустријата за храна и пијалаци во услови на зголемена конкуренција им ги нуди традиционалните производи на своите потрошувачи, приспособувајќи ги на нивните индивидуални барања.
Традиционалниот вкус на салепот, кој е комбинација на мешање на суровината добиена со мелење на кртолите на салепската орхидеја, со козјо млеко и шеќер. Салепската орхидеја е ендемично растение.
Со додавање мед, лешници, смокви, банани и јагоди се добива салеп со различни ароми.

Мустафа Алабеј, регионален менаџер на турскиот производител на сладолед „Мадо“, истакна дека сами одгледуваат салеп во полињата во нивниот центар во Кахраманмараш и го продаваат во нивните домашни и меѓународни продавници.
Алабеј исто така нагласи дека со дистрибуцијата на кртоли од салепски орхидеи на производителите во селата, тие ги поддржуваат земјоделците и им даваат гаранција дека 10 години ќе го купуваат производот.
Со тоа, според менаџерот Алабеј, се обидуваат да му дадат додадена вредност на производот.

Наведувајќи дека салепот се користи и за лекување, Алабеј рече: „Се работи за напиток што влезе во кујната на палатата на Османлиското Царство и го зазеде своето место во кралските кујни на Велика Британија и Европа. Салепот е исклучително добар за стомачни болки, настинки и болки во грлото.“
- „Нашиот традиционален напиток сега се бара сѐ повеќе“ -
Претставувајќи го растението салеп, Алабеј рече дека кртолите добиени од корените на салепските орхидеи се сушат со конец, потоа се мелат во прецизни мелници и се претвораат во салеп во прав.
Наведувајќи дека започнале со нова генерација концепт за салеп, кој со својот мирис и вкус е еден од незаменливите пијалаци во зимските месеци, Алабеј рече: „Развивме концепт на нова генерација на салеп со лешник, ф'стаци, мед, чоколадо, јагода и банана. Добивме многу позитивни повратни информации од нашите гости, нашиот традиционален напиток сега е повеќе префериран.“