Yasemin Kalyoncuoğlu
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турската војска неутрализира четворица терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се обидоа да изведат напад во подрачје кое е дел од зоната на турската операција „Извор на мирот““, објави Министерството на Твитер.
Од 2016 година Турција реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПК е сириски огранок на ПКК.