Sema Kaplan
01 Мај 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ДИЈАРБАКИР
Турските безбедносни сили во југоисточната област Дијарбакир уапсија терорист на ПКК кој се сомничи дека извршил бомбашки напад, во кој пред девет години во квартот Кумрулар во Анкара се убиени пет лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициската дирекција во Дијарбакир соопшти дека припадниците на Одделот за борба против тероризмот ја утврдиле локацијата на која се наоѓал терористот на ПКК по кого се трага поради сомнеж дека во 2011 година извршил терористички напад во Анкара, како и подметнување на експлозив во возот „Јужен експрес“, кој навремено бил откриен и деактивиран од турската полиција.
Врз основа на истрагата е откриено дека осомничениот И. А. се криел на две локации и дека во тоа му помагал неговиот татко М. А., а полицијата со успешна операција го пронајде и уапси осомничениот.
Во соопштението на полицијата се наведува дека турските безбедносни сили ја продолжуваат одлучната борба против тероризмот во таа земја.