Burcu Arik
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили уапсија 30 странски државјани во Истанбул поради сомние за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Антитерористичките тимови спроведоа симултани акции во седум населби и ги уапсија осомничените, кои планирале терористички напади“, соопштија полициски извори.
„За време на акцијата, полицијата уапси најмалку 30 осомничени и заплени документи на организацијата и дигитални материјали“, додаде изворот.
Во нападите извршени од страна на ДЕАШ во Турција, во кои цел беа цивилите, загинаа повеќе од 300 луѓе.