Aykut Karadağ
10 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турската полиција приведе четири лица осомничени за поставување експлозивна направа минатиот викенд под возило на полицаец, кој требало да обезбедува собир на кој се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во градот Сиирт, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција е наведено дека утринава е спроведена акција на апсење во рамките на која се приведени А. Д., С. Д, С. А. и А. А. кои се осомничени за поставување експлозивна направа под автомобил на полициски службеник во подрачјето Нусејбин во Мардин.
Наведено е, исто така, дека тројца осомничени за време на првата изјава признале дека под возилото ставиле бомба.
Во саботата, на 4 декември, под автомобил на полициски службеник од Одделот за интервентна операција во Нусајбин, Мардин, е откриена, а потоа контролирано уништена рачно изработена експлозивна направа.
Истиот ден беше објавено дека полицаецот, под чиј автомобил бил поставен експлозивот, бил дел од тимот кој требало да биде испратен како засилување за обезбедување на програмата на претседателот Ердоган во Сирт, југоисточна Турција, град на 225 километри од Мардин.