Handan Kazancı
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Безбедносни извори денес соопштија дека се уапсени три од 37 осомничени лица кои се бараат со потерница за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Апсењата се извршени за време на истовремени антитерористички операции во 22 области во Турција“, изјави изворот кој зборуваше под услов на анонимност.
Меѓу осомничените од терористичката организација ФЕТО 14 се суспендирани офицери од Генералната команда на жандармеријата - вклучувајќи двајца потполковници и 23 цивили, додаде изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на легално избраната власт преку инфилтирирање во турските институции, особено во Армијата, полицијата и во судството.