Mehmet Yavaş
06 Март 2016•Ажурирај: 06 Март 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Припадниците на безбедносните сили во Турција во северозападниот дел на земјата, доцна синоќа уапсија 71 мигранти при обид илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите, меѓу кои има голем број на жени и деца, по потекло се од Сирија, Авганистан и Ирак.
Овие луѓе биле предадени на локалната Канцеларија за странци.
Претходно, грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека ако мигрантите продолжат да доаѓаат од Турција, а балканските граници останат затворени, во Грција може да дојде во критична ситуација.