Gökhan Ergöçün
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Турција угости 10,88 милиони странски посетители во првите седум месеци од 2021 година, соопшти денес државното Министерство за култура и туризам на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалните податоци, тоа е 85,44 отсто повеќе од минатата година, но и 78 отсто помалку во споредба со истиот период во 2019 година, пред пандемијата на коронавирусот да нанесе голем удар врз меѓународните патувања.
Главната дестинација беше Истанбул, каде што престојуваа 38,2 отсто од странските посетители, или 3,85 милиони гости.
Медитеранското летувалиште Анталија го има вториот најголем број странски посетители, 3,26 милиони, потоа следува Едрене во северозападна Турција, што граничи со Бугарија и Грција, со околу 1,22 милиони посетители.
Најмногу посетители на Турција пристигнале од Русија, 15,41 отсто, потоа Германија 12,5 отсто, Украина 11,08 отсто, Бугарија 4,85 отсто и Иран 4,3 отсто.
Само во јули Турција беше домаќин на 4,36 милиони туристи, што е за 367,5 отсто повеќе од минатата година и 86 отсто помалку од истиот период во 2019 година. Минатиот месец Анталија, Истанбул и Едрене беа водечки туристички дестинации.
Минатата година, повеќе од 12,7 милиони странски државјани пристигнаа во Турција за време на пандемијата, додека во 2019 година имаше околу 45,05 милиони.