Göksel Yıldırım
31 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА
Одбранбената индустрија на Република Турција успешно работи на унапредување на способностите од главниот борбен елемент на воздушните сили и векот на траење на авионите Ф-16 го продолжува од 8.000 на 12.000 часови летање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челникот на Кабинетот за одбранбена индустрија при Кабинетот на турскиот претседател (SSB), Исмаил Демир, на социјалната мрежа Твитер соопшти дека на проектот за структурното зајакнување и подобрување се подложени моделите на борбените авиони „Ф-16 Блок 30“.
„На проектот за ревизија и обнова се подложени помеѓу 1.200 и 1.500 компоненти на секој од тие авиони и инженерите работат на тоа“, порача Демир.
Од СББ е соопштено дека првиот сервисиран и унапреден авион Ф-16 ги поминал сите тестирања и дека е предаден на користење во воздушните сили на турската Војска.
Проектот го спроведува националната компанија TUSAS, која ги врши потребните сервисирања на борбените авиони, во значителна мерка го унапредува и зајакнува нивниот труп и го продолжува работниот век на леталото за 50 отсто.