Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турските надлежни лица денеска идентификуваа терорист на ДЕАШ уапсен на 31 декември кој се бара со меѓународна црвена потерница, соопшти турското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На 31 декември десетина осомничени во обид илегално да преминат во Турција од Сирија беа уапсени од граничните безбедносни служби“, се истакнува во соопштението.
Осомничените терористи на ДЕАШ се пет руски државјани, четворица државјани на Узбекистан и уште тројца од Киргистан.
Сеопфатната истрага „утврди дека еден од терористите се бара со црвена потерница“, се додава во соопштението на Министерството.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата се извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.