Denizhan Güzel
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ИЗМИР (АА) - Екипите на турската крајбрежна стража во утринските часови на подрачјето на Чешме, на турскиот брег на Егејското Море, фатија 43 мигранти при обид за илегален премин во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Крајбрежната стража при патролирање забележала група мигранти на чамец, кои се обидувале илегално да преминат на грчкиот остров Хиос.
Групата мигранти, меѓу кои се наоѓаат жени и деца, ја сочинуваат 32 Сиријци, осум држвјани на Конго, двајца од Мароко и еден од Ирак.
Мигрантите се вратени на брегот, каде што се згрижени од страна на претставници на Меѓународната организација за миграции, при што мигрантите се предадени на Канцеларијата за миграции на Измир со цел да бидат процесуирани.