Cemal Aşan
30 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ВАН (АА) - Во турскиот град Ван се фатени 485 илегални мигранти кои на незаконски начин влегле во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Командата на градската жандармерија, во рамките на борбата против илегалната миграција, во подрачјата на Геваш, Чалдиран, Тушба и Сарај, се фатени 485 илегални мигранти. Откриено е дека овие мигранти на илегален начин влегле во Турција.
Во рамки на оваа операција, приведени се и пет лица за кои се сомнева дека ја вршеле организацијата на нивниот илегален влез во земјата, и запленети се три возила.
Илегалните мигранти за понатамошни процедури ќе бидат пренесени во Центарот за враќање на странци кој се наоѓа во овој град.