Alptekin Soykan
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На градилиште во истанбулската општина Умраније се сруши потпорен ѕид, по што се создаде длабок кратер, јавува Anadolu Agency (AA).
Заедно со ѕидот, се сруши и дел од патот на кој се наоѓаа и паркираните возила.

Кратерот е длабок 20 метри. Полицијата презеде безбедносни мерки, а потоа започна акција за извлекување на возилата.
Во тек се работите за сопирање на ширењето на кратерот на градилиштето.
Екипи работат и на отстранување на земјата која прекри автомобил и камионет откако паднаа во кратерот.