Hakan Mehmet Şahin
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Во турскиот град Едрене, фатени се 515 нерегуларни мигранти кои се подготвувале на илегален начин да преминат во странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските гранични сили открија неколку групи мигранти кои сакале да ја преминат границата на илегален начин.
Во рамки на извршените акции во подрачјата на Ипсала, Узункопру, Лалапаша, Кешан и Мерич, како и во приграничните села во овој регион, фатени се 515 нерегуларни мигранти со потекло од Тунис, Авганистан, Палестина, Либија, Алжир, Пакистан, Мароко, Египет, Ирак, Иран, Сирија и Јемен.
Се истакнува дека фатените мигранти се пренесени во Дирекцијата за миграции во Едрене на понатамошно процесуирање.