ИСТАНБУЛ (АА) – МУЏАХИТ ТУРЕТКЕН -
Музејот за историја на исламот, науката и технологијата во Истанбул, каде што се изложени примероци од откритијата на муслиманските научници, основан од страна на проф. д-р Фуат Сезгин, истражувач на историјата на исламската наука, привлекува големо внимание, пишува Anadolu Agency (AA).
Музејот, од една страна со естетиката и поучноста на научните трудови, а од друга страна со впечатокот што го остава и информациите што ги нуди, е еден од најпосетените.
Со делата и документите, Музејот за историја на исламот, науката и технологијата го открива процесот кај исламскиот свет во историјата на науката.
Музејот е исто така важен за идните генерации, бидејќи е мост кој ја обединува научната култура помеѓу истокот и западот во однос на историјата на науката.

Во музејот изложени се околу 600 откритија, кои за првпат се претставени во историјата на исламската наука. Музејот, каде што се сместени откритијата, пронајдоците и макетите на научните центри од времето, е еден од најголемите центри во светот во областа на исламската наука.
- Откритија на исламската цивилизација помеѓу 9 и 16 век -
Музејот со изложбен простор од 3.500 квадратни метри и со колекција од вкупно 570 дела, реплики на дела, макети и модели, е значаен бидејќи во областа на исламската наука во Турција е на прво место, а во светот на второ место по музејот во Франкфурт.
На горниот кат на музејот, кој се состои од два ката, покрај кино-салата каде што можете да гледате разни визуелни проекции, има и место за предмети од астрономијата, технологијата на часовници, поморската, воената и технологијата на медицината.
На долниот кат на музејот постојат делови за географија, хемија, физика, математика/геометрија, урбанизам, архитектура и оптика. Во сиот простор изложени се модели и макети на делата на исламските научници.
Во градината на музејот се наоѓа глобус кој е копија од карта на светот направена од страна на Калифа ел-Мемун во 9 век, а пронајден од страна на проф. д-р Сезгин во палатата Топкапи. Во градината, исто така, се наоѓа и ботаничката градина Ибн Сина, отворена во 2013 година, каде што има 26 лековити растенија кои се споменуваат во вториот том на книгата за медицина (el-Kanun Fi't-Tıbb) на Ибн Сина.
Во изложбените простории на музејот можат да се видат и: копија од картата на светот нацртана од страна на Ел Идриси врз основа на мапата на калифот Ел Мемун, механички часовник на османлискиот научник Такиједин, изработен во 1559 година, часовникот слон од книгата на Ел Џезери, планетариумот на Ебу Саид Ес-Сиџзи, небесната сфера на Абдурахман ес-Суфи, компасот на Хидр ел-Хуџенди, терезија која работи на принципот вода и тежина, направена од страна на Абудархман ел Хазини во 12 век, книгата (el-Kanun Fi't-Tıbb) на Ибн Сина и копии на разни дела на исламските научници од 9 до 16 век.

Повеќето од овие копии се направени од страна на Институтот за историја на арапско-исламските науки на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт, каде што Сезгин беше директор. Мал дел од копиите пак, се направени врз основа на оригиналните дела кои се зачувани до денес.
- Бројот на посетители се зголемува секоја година -
Проф. д-р Фуат Сезгин, којшто основал работилница за алатки, направил некои уреди преку експерти што ги наоѓал во Шпанија, Египет и Германија. Сезгин, работејќи прецизно, деловите на некои производи ги изработувал во различни земји.
Музејот за историја на исламот, науката и технологијата, кој се наоѓа во паркот „Ѓулхане“ во Истанбул, и е поврзан со Министерството за култура и туризам на Турција, отворен е во 2008 година и привлекува големо внимание. Бројот на посетеноста се зголемува секоја година.
Оваа година, откако е прогласена како година на проф. д-р Фуат Сезгин, бројот на посетителите на музејот значително се зголеми.
Музејот, кој е отворен седум дена во неделата, со 90 илјади посетители за време на првите пет месеци од 2019 година, е еден од најпосетените културни места, по палатата Топкапи, Аја Софија и Истанбулскиот археолошки музеј.