Mehmet Yavaş
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Ајваџик, област Чанаккале, во северозападниот дел на Турција, фатени се 57 мигранти кои на илегален начин се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Во акцијата на локалните жандармериски екипи фатени се мигранти со потекло од Мали, Пакистан, Сирија, Камерун, Сомалија, Конго и од Авганистан.
Мигрантите притоа се испратени во Центарот за странци во Ајваџик.
Егејското и Средоземното Море мошне често се дел од рутата на мигрантите во потрагата по подобар живот. Меѓутоа, нивниот пат на надежта честопати завршува со смрт.
Околу 100 мигранти загинаа во две несреќи во Средоземното Море, кои се случија кон крајот на декември минатата година, помеѓу Либија и Италија, и со тоа бројот на загинатите на Медитеранот во 2016 година е поголем од 5.000.
Претходно, официјалните претставници на Обединетите нации (ОН) ја прогласија 2016 година за најсмртоносна за мигрантитите, и потсетија дека во 2015 во Средоземното Море загинале 3.771 мигранти.