Dilara Hamit
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Министрите за надворешни работи на Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC) денес ја поканија Грција на прелиминарни разговори на првиот состанок, што е закажан за овој месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и неговиот колега од Северен Кипар, Тахсин Ертугруоглу, одговараа на прашањата од новинарите на заедничката прес-конференција во Анкара.
Чавушоглу нагласи дека за суверена еднаквост мора да се преговара и дека мора да постои дводржавно решение во Кипар.
Тој истакна дека ставот на Турција и ТРСК е многу јасен во врска со ова прашање.
„Правиме напори холистички да им го објасниме нашиот став во сите сегменти“, изјави тој, додавајќи дека ова прашање се нашло во прв план во сите негови неодамнешни посети, особено во Португалија, Мадрид и земјите од ЕУ.
„Процесот на преговори меѓу заедниците во Кипар е завршен и дискусијата за федерација не доаѓа предвид“, рече Ертугрулоглу од своја страна.
Според претседателски извори од кипарските Турци, се очекува денес претседателот на ТРСК, Ерсин Татар, да се состане со специјалниот претставник на ОН за Кипар, Џејн Хол Лут.
Според изворите, се очекува Татар да му ги пренесе јасните и решителни пораки на Лут за ставот на турската страна пред евентуалниот процес на преговори што може да започне на медитеранскиот остров.
Водачот на кипарските Турци детално ќе го објасни моделот заснован на две одделни држави врз основа на суверена еднаквост, што го застапува турската страна за кипарското прашање.
За време на состанокот, се очекува тој да му каже на претставникот на ОН дека преговорите не можат да започнат од таму каде што застанале во Кран-Монтана, Швајцарија, и дека разговорите за нова федерација не доаѓаат предвид.
Лут ќе се состане и со лидерот на администрацијата на кипарските Грци, Никос Анастасијадес.
Состанокот ќе биде одржан пред очекуваниот неформален состанок 5+1 за Кипар, што е планирано да биде одржан во рамките на лидерството на ОН наскоро.
Кипар е поделен на два дела во 1974 година, кога кипарските Грци, извршувајќи државен удар, започнаа бран насилства врз кипарските Турци, што предизвика реакција од Анкара, која оттогаш е гарант на мирот во северниот дел на островот.
Со децении се појавуваа неколку обиди за решавање на кипарскиот спор, кои завршуваа со неуспех. Последниот состанок, одржан во 2017 година во Швајцарија со учество на земјите гаранти - Турција, Грција и Велика Британија - исто така заврши без напредок.
Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.