Erdoğan Çağatay Zontur
20 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА
Турција ќе воведе флексибилно и скратено работно време со цел да го ограничи времето на вработените кое го поминуваат надвор како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави министерката за семејство, труд и социјални работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ќе обезбедиме флексибилност под одредени услови за да бидат покорисни за сите сектори“, изјави Зехра Зумрут Селчук во уредничкиот деск на Агенција Анадолија во Анкара.
Таа додаде дека основната државна пензија ќе се зголеми од 1.000 турски лири (154 долари) на 1.500 турски лири (231 долар).
„Врз основа на резултатите од прашалникот за приходи спроведен од Фондациите за солидарност за социјална помош, ќе дистрибуираме 2 милијарди лири [308 милиони долари] за да помогнеме во сегментот со најниски приходи“, додаде Селчук.
Во Турција досега се потврдени 4 смртни случаи од коронавирусот, а заразени се 359 лица.