Handan Kazancı
11 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската агенција за домување, ТОКИ, ќе изгради стотици куќи во Украина за Кримските Татари, соопшти турскиот министер за животна средина и урбанизам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мурат Курум на Твитер објави дека тој и вицепремиерот на Украина, Олексиј Резников, потпишале договор во однос на ова прашање и сподели фотографии од деветтиот состанок на Турско-украинскиот советот за стратешка соработка на високо ниво.
„Во рамките на договорот, што е прв конкретен чекор во врска со нашиот проект за домување за нашите браќа кримски Татари, кои мораа да ја напуштат својата татковина, ќе изградиме 500 куќи во градовите Киев, Миколаив и Керсон од страна на ТОКИ“, истакна тој.
Вчера, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Владимир Зеленски одржаа прес-конференција во Истанбул.
Ердоган повика на деескалација на тензиите во Украина и рече дека Турција сака мирно Црно Море.
„Нашата главна цел е Црното Море да продолжи да биде море на мирот, спокојот и соработката“, изјави турскиот претседател.