Enes Kaplan,Mümin Altaş
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, организираше прием за Февзи ал Џунејди (16), чија фотографија на која се гледа како со превез на очите го приведуваат израелските војници, го обиколи светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Тинејџерот на приемот во Претседателската палата во Анкара дојде со својот татко Мухамед ал-Џунејди.
Палестинецот и неговиот татко имаа можност да разговараат со турскиот претседател Ердоган, но и со премиерот, Бинали Јилдирим.
Ердоган изјави дека фотографијата на момчето учествувала во изборот за фотографија на годината во организација на АА и дека во категоријата Вести е избрана за најдобра фотографија.
Турскиот претседател додаде дека и тој ја одбрал фотографијата на Висам Хашламун под наслов „16 годишнo дете - симбол на отпорот“, на која е фотографиран Џунејди со превез на очите.
На крајот на приемот е направена и заедничка фотографија на Ердоган, Јилидрим, тинејџерот и неговиот татко.