Aybala Arpacı
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
МУГЛА (AA) - Уапсен е офицерот Али Сарибеј во близина на градот Мугла. Тој е еден од учесниците во нападот на хотелот во Мармарис, во кој престојуваше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во текот на обидот за државен удар, кој во петокот вечерта се обиде да го изврши група од војската лојална на терористичката организација Фетулахџи/Паралелни структури (ФЕТО/ПДЈ) , јавува Anadolu Agency (AA).
Сарибеј е откриен при рутинска контрола на патот, а по утврдувањето на идентитетот, лишен е од слобода.
Кај уапсениот е пронајдено и запленето оружје, дознава АА.
Во меѓувреме, војниците-пучисти кои по неуспешниот државен удар со хеликоптер пребегаа во Грција, денес се појавија пред тамошниот суд.
Осуммина војници лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во просториите на судот се воведени со лисици, а лицата ги прекриваа со делови од облека. Претходно се започнати процедурите за нивното исоорачување во Турција.