Mehmet Yılmaz Güldaş
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Во акцијата на припадниците на безбедносните сили на Турција против терористичката организација ДЕАШ спроведена во турската југоисточна покраина Газиентеп, убиен е Мехмет Кадир Џебаел, јавува Anadolu Agency (AA)
Тој планирал активности на терористичката оррганизација ДЕАШ во Газиантеп, и овозможувал логистичка поддршка и управувал со ќелиите на ДЕАШ.
По дојавата дека ќе биде извршен самоубиствен напад на културниот центар во Газиантеп, полициските екипи покренаа опширна акција ширум Газиантеп против терористичката организација ДЕАШ. Мехмет Кадир Џебаел, се криел во дома во местото Шехиткамил.
Неговата сопруга и двете деца донесени се во полициската управа во Газиантеп.
Од друга страна, во текот на антитерористичките акции во Шахинбеј во кој утринава припадниците на терористичката организација ДЕАШ активирале експлозивни направи за да не бидат фатени, еден бомбаш самоубиец е заробен жив.
Во експлозијата загинаа тројца полицајци, а девет лица се ранети. Меѓу ранетите се наоѓаат четири полицајци и четири Сиријци.