Sadık Kedir Abdu
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ЛЕВКОЗИЈА (АА) - „Вкупно 45 лица, вклучувајќи и лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, се фатени денес во Турската Република Северен Кипар“, изјави безбедносен извор денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Властите испратија безбедносни сили во крајбрежниот град Киренија (Гирне), откако добија дојава дека групата се подготвува да побегне во Грција“, вели безбедносниот извор, под услов да остане анонимен.
Меѓу задржаните лица се наоѓаат девет деца и 17 жени.
ФЕТО, на чело со лидерот Фетула Ѓулен, е одговорна за неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.