Zeynep Özbay
02 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
МАНИСА (АА) - Турската полиција приведе најмалку 19 лица кои се поврзуваат со случајот „паралелни структури”, односно терористичката организација ФЕТО или движењето попознато како „Хизмет” на чело со Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во турскиот град Маниса издаде налог за приведување на 21 лице на подрачјето на градот Маниса, Денизли, Измир и Истанбул. Овие лица се сомничат за финанирање на терористичката организација ФЕТО. Во рамките на акцијата спроведена утринава, приведени се најмалку 19 лица.
Меѓу приведените се наоѓа и шефот на Канцеларијата за развој на градот Маниса како и други службеници.
За приведените се смета дека биле инфилтрирани во локалната Канцеларија и непрописно издавале градежни дозволи, а за возврат земале пари со кои ја финансирале организацијата.
Инаку, Обвинителството во Истанбул, во март минатата година, побара лишување од слобода на Фетула Ѓулен, водачот на движењето кое обвинителството го товари за незаконски активности.
Турција има издадено потерница за Ѓулен, обвинет за водење криминална организација и обид за државен удар.
Со посредство на Министерството за надворешни работи, Турција има побарано од САД предавање на Ѓулен поради негово процесуирање пред турското правосудство.