Emre Ayvaz,Ömer Faruk Cebeci
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
КОЏАЕЛИ (АА) - Поранешниот комесар на Европската унија одговорен за проширување, Гинтер Ферхојген, изјави дека Турција е дел од Европа, и дека никој нема право да го доведе тоа во прашање. Фехојген изјави дека Турција и е попотребна на ЕУ отколку ЕУ нејзе, јавува Anadolu Agency (AA).
Ферхојген зборуваше на темата „Филозофијата на ЕУ и рефлексите за заштита на демократијата од државни удари“, а во таа прилика осврнувајќи се и на обидот за државен удар на 15 јули во Турција, изјави дека бил шокиран со настаните на 15 јули и дека не давал можност дека такво нешто би можело да се случи.
„Се вратив во Германија по 17 јули и очекував во цела Европа масовни протести. Очекував да се соберат луѓето и да ја зашитат турската демократија, да го кажат своето мислење за сето тоа. Очекував исто така лидерите на ЕУ да се соберат на вонредна седница и да испратат пораки на единство и заедништво, како и да го осудат овој обид во Турција“, порача Ферхојген.
На прашањето до какви реакции би дошло кога на пример обидот за пуч би се случил во Италија, Ферхојген рече дека реакциите би биле сосема поинакви, но кога станува збор за Турција таквите реакции не би се случиле.
„Кога се случува терористички напад во Велика Британија, Германија или Франција, единството и заедништвото кое се покажува таму не е ист случај и со Турција“, изјави Ферхојген.
Тој се осврна и на европските интеграции на Република Турција кои започнаа во 1963 година.
„Турција беше изложена на дискриминација, вклучувајќи ја одлуката од Хелсинки од 1999 година. Додека останатите земји беа прифатени како кандидати, Турција е одбиена. Тие години во Хелсинки видовме рефлексии на политички промени. Видовме промени во одредени земји, особено во Германија“, изјави Ферхојген и додаде:
„Можеби постојат оние кои тоа не го знаат, но ЕУ и е попотребна на Турција отколку Турција на неа“.
Тој исто така додаде дека секоја дискусија на овој самит во врска со европската перспектива на Турција би можела да биде погрешно сфатена, и заклучи: „Турција нема потреба од европската перспектива. Турција е европска земја и никој нема право да го доведува тоа во прашање. Никој не може да каже дека на Турција и е потребна европската перспектива. Ние воопшто не дискутираме за тоа дали Турција и припаѓа на ЕУ, таа е дел од неа. Турција од политички и економски аспект може да ја зајакне ЕУ“.