Ekipa
17 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
ИЗМИР (АА) - Во турската егејска област Измир се одржа 40-тиот фестивал на борба на камили „Селчук Ефес“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот наречен „Киркпинар во борбата на камили“, наречено според пеливанството, на едно место собра 162 камили.
Среде овациите во арената, камилите се бореа меѓу себе, обидувајќи се да се каснат една со друга.
Со долги стапови, нивните сопственици ги раздвојуваа кога беа блиску до тоа физички да се повредат.
Камилите беа донесени од областите во западна Турција.
За време на фестивалот, на гледачите им беше понудено месо од камила и ракотворби од локалните занаетчии.
Меѓу гледачите беше и 85-годишната Разие Јилдиз. Јилдиз, поранешна сточарка на камили, рече дека поминала години меѓу камилите.