Турција

Фидан: „Велика Британија, Европа и Туркије подготвени да создадат регионален центар на гравитација“

„Сосема е можно структура која ги вклучува Велика Британија, одредени европски земји и Туркије да создаде свој центар на гравитација во регионот“

Zehra Nur Çelik  | 15.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
Фидан: „Велика Британија, Европа и Туркије подготвени да создадат регионален центар на гравитација“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека група составена од Велика Британија, некои европски земји и Туркије може потенцијално да воспостави своја сфера на влијание во регионот, пренесува Анадолу.

Говорејќи за турскиот телевизиски канал ТВ100, Фидан рече: „Сосема е можно структура која ги вклучува Велика Британија, одредени европски земји и Туркије да создаде свој центар на гравитација во регионот“.

Коментирајќи ги разликите во мислењата за тоа како да се стави крај на војната во Украина, Фидан рече: „Почетокот на војната во Украина ги подели страните, како и нејзиниот крај. Изјавите на Туркије од почетокот сега се искажуваат од САД“.

Анкара, од самиот почеток, повикува на прекин на над тригодишната војна меѓу Русија и Украина преку преговори. Пристапот сега е усвоен од страна на САД, од претседателот Доналд Трамп.

- Сите вооружени елементи во терористичките акти во Сирија да бидат исклучени од равенката -

„Немаше компромиси со СДФ предводена од ПКК/ЈПГ, терористичка организација активна во Сирија, во однос на нејзините напори за автономија или самоуправа“, рече турскиот министер Фидан.

„Ние не веруваме дека биле направени некакви отстапки (на СДФ) во врска со обидите за автономија или самоуправа во Сирија“, изјави Фидан во телевизиското гостување.

„Од суштинско значење е сите вооружени елементи вклучени во терористичките акти во Сирија да бидат исклучени од равенката и сето население да се врати на нормалниот живот“.

ЈПГ/ПЈД, која исто така го користи називот СДФ, е сириски огранок на ПКК.

„Нашиот совет до новата сириска администрација е да им ги даде правата на сириските Курди“, рече Фидан. „Ова е многу важно и за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и за Туркије.“

- Повикот за распуштање на терористичката организација ПКК -

Турскиот министер за надворешни работи рече дека „повикот упатен до терористичката организација (ПКК) треба да се послуша и треба да се гледа како историска шанса“.

ПКК „треба да го земе овој повик како основа и да започне процес за самораспуштање“, додаде тој.

Доколку терористичката организација ПКК „го искористи овој прозорец на можности, тој ќе се отвори за Туркије и регионот. Ако другите го поматат нивниот ум, тоа зависи од нив; ние сме подготвени за секое сценарио“, порача турскиот министер.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.

Затворениот водач на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, на 27 февруари повика на распуштање на ПКК и на сите групи под неа, повикувајќи на прекин на нејзината терористичка кампања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.