Ramazan Kaya
04 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
КАЈСЕРИ
Визуелен празник за очи е летот на фламингата над мочуриштата на просторот на Хурметчи Сазлиги во турската област Кајсери, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Дирекцијата за заштита на природата и Националните паркови на подружницата Кајсери во Турција се наведува дека снимката е направена со дрон во мочуриштето обраснато со трска што е оддалечено 5 километри од центарот на градот.

Иако станува збор за густо населено подрачје во кое се испреплетени индустриската област и градскиот живот, фламингата ги претпочитаат мочуриштата во Хурметчи Сазлиги, создавајќи слика исполнета со шаренило од бои.
Со доаѓањето на пролетта, фламингата се собираат во оваа област, користејќи ја како место за одмор и исхрана.
Хурметчи Сазлиги, кој покрај на фламингата е домаќин и на голем број различни видови птици и диви коњи, претставува и избор на набљудувачите на птици и фотографски уметници.
Фламинга го украсија Хурметчи Сазлиги во Кајсери