Murat Öner Taş
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
АКСАРАЈ (АА) - Во Соленото Езеро, кое е домаќин на најголема колонија на фламинга во Турција и Медитеранската област, на свет се извеле илјадници фламинга.
Градоначалникот на Општината Ескил од Аксарај, Нијази Алчај, во разговор за АА изјави дека во Медитеранот и Анадолија, јужното крајбрежје на Соленото Езеро, е едно од најважните места кое фалмингата го користат за изведување на новите генерации.
Фламингата од Медитаренот се многу пребирливи при изборот за живеење, рече Алчај. „Фламингата за изнаоѓање на сезонска храна и изведување на нови фламинга, мигрираат во околината на Медитеранот, особено во местата со солена вода", рече градоначалникот Алчај.
Градоначалникот Алчај истакна дека фламингата живеат во места оддалечени од луѓето и го бираат местото каде ќе се вгнездат за да ги донесат на свет следните поколенија.
„Соленото Езеро за фламингата е вистински рај. Тоа е поради фактот што овој рај за фламинга, Соленото Езеро е далеку од цивизизацијата и луѓето. Фламингата се хранат со 'artemia salina' која живее во езерото. Додека се во гнездата, наоѓаат хранаво околните бари. Соленото Езеро се орвора пред светот. Младите фламинга на езерото живеат во група. Кога се подготвени, учат да летаат. Во месец септември заминуваат од езерото. За новородените илјадници млади фламинга,Соленото Езеро е еден вид 'градинкa' ", истакна градоначалникот Алчај.
Одговорната на проектот Делта Гедиз од Здружението за природа, Бурчин Феран изјави: „Секоја година се зголемува бројката на колонијата на фламинга кои се присутни на Соленото Езеро. Затоа изработуваме фотографии со што ја документираме ситуацијата на езерото и состојбата на фламингата. Во 2015 година околу 21.000 фламинга се изведоа на Соленото Езеро."