Турција

Фондацијата „Маариф“ има 108 училишта во светот

Турската фондација „Маариф“ во странство има 108 училишта во кои учат 9.633 ученици. Оваа фондација отвори нови 32 училишта во 11 земји од светот, а во 10 земји од државните институции презеде 76 училишта што биле раководени од ФЕТО/ПДС

Selma Kasap  | 24.04.2018 - Обновена : 25.04.2018
Фондацијата „Маариф“ има 108 училишта во светот

Ankara

АНКАРА (АА) - Селма Касап

Официјалните претставници на Турската фондација „Маариф“ го информираа новинарот на АА дека во согласност со програмата на Фондацијата и во консултации со соодветните министерства и државни институции, воспоставиле официјални контакти со 83 земји од светот, а во 39 држави именувале директори.

Фондацијата во Гвинеја, Сомалија, Судан, Народна Република Конго, Мали, Мавританија, Нигер, Тунис и Чад презеде 76 училишта управувани од Терористичката организација Фетула/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДС) во кои учат 8.506 ученици.

Со цел формирање алтернативни училишта и задоволување на потребата за образовение на турската дијаспора, во 11 земји се отворени 32 училишта. Во училиштата во САД, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Гамбија, Сиера Леоне, Џибути, Саун Томе и Принсип, Авганистан и Танзанија е започната наставата што ја посетуваат 1.127 ученици.

Со последните отворени училишта, Фондацијата „Маариф“ под своја надлежност има 108 училишта, во кои настава следат 9.633 ученици.

Потпишани се протоколи со 25 земји за преземање на училиштата кои биле под капа на ФЕТО/ПДС или отворање нови училишта.

Земји во кои Фондацијата има свои претставништва

Фондацијата „Маариф“ има свои претставништва во САД, Македонија, Германија, Австралија, Босна и Херцеговина, Австрија, Франција, Романија, Косово, Албанија, Грузија, Јужноафриканска Република, Чад, Бурунди, Џибути, Габон, Гамбија, Гвинеја, Етиопија, Ирак, Камерун, Демократска Република Конго, Народна Република Конго, Кувајт, Мали, Мавританија, Нигер, Пакистан, Саун Томе и Принсип, Мадагаскар, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Судан, Сирија, Танзанија, Тунис и Јордан.

Во 40-те училишта во Авганистан, за кои е откриено дека се поврзани со ФЕТО/ПДС, настава следат 8.000 ученици. Потпишани се договори за префрлување на овие училишта под надлежност на Фондацијата „Маариф“. Во моментов, во Авганистан е период на префрлување, а со ставање на овие училишта во институциите кои делуваат во рамките на Фондацијата, бројот на децата што се школуваат во училиштата на Фондацијата „Маариф“ ќе се доближи до бројката од 20.000 ученици.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.