Fuat Kabakcı,Behlül Çetinkaya,Mehmet Şah Yılmaz
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
АНКАРА/КИШИЊЕВ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, се состана во Кишињев со молдавскиот колега Нику Попеску, а по состанокот порача дека Турција во потполност ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу, говорејќи на заедничката прес-конференција, нагласи дека односите со Молдавија се засноваат на заеднички културни и историски врски и дека следната година ќе прослават 30-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи.
„Стабилноста и економскиот развој на Молдавија се секогаш наши приоритети. Нашите односи со Молдавија се над политиката. Заедно ќе работиме на продлабочување на нашето стратешко партнерство со новата Влада. Денес со Попеску разговаравме за тоа како можеме да ги подобриме нашите односи во различни подрачја“, изјави Чавушоглу.
„Секогаш нагласуваме, во потполност го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија“, додаде тој.
Тој изјави дека автономниот регион Гагаузија, кој е неодделив дел од Молдавија, е мост на пријателство кој ги зајакнува односите меѓу Турција и Молдавија.
Турскиот министер истакна дека обемот на трговската размена меѓу двете земји е зголемен, и покрај епидемијата на коронавирусот, и дека целта за трговска размена од една милијарда долари секој ден е сѐ поблиску.
„Многу сме задоволни што нашите компании прават големи проекти во Молдавија. Ги охрабруваме да инвестираат повеќе“, рече Чавушоглу.
Нику Попеску, претседателот на Владата на Молдавија и министер за надворешни работи и европски интеграции, изјави дека Турција е на клучната точка за молдавската економија.
„Таа се наоѓа на четврто место меѓу нашите комерцијални партнери. Во Молдавија постојат повеќе од 1.100 турски компании. Со билатералниот договор за слободна трговија би сакале да ги продлабочиме нашите економски односи и да ја искористиме можноста која ни ја носи овој договор“, порача Попеску.