АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнувајќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар се наоѓаат во период во кој имаат многу блиска соработка од кога било досега, изјави дека Турција ќе продолжи со давањето поддршка на ТРСК.
Министерот Чавушоглу, како гостин на Уредничкиот деск на Агенција Анадолија (АА) се осврна и на состојбата во ТРСК и претседателските избори што треба да се одржат во турскиот дел на Кипар.
На прашањето која е пораката на Турција не до претседателските кандидати, туку до народот во турскиот дел на Кипар во врска со претседателските избори што на 11 октомври ќе се одржат во ТРСК, министерот Чавушоглу одговори дека овие избори во ТРСК ќе бидат значајни како и сите претходни, истакнувајќи дека волјата на кипарските Турци ќе се рефлектира во гласачките кутии.
Подвлекувајќи дека во ТРСК секогаш има демократски избори, Чавушоглу рече дека оваа зрелост постои на Кипар.
Потенцирајќи дека Турција и ТРСК се наоѓаат во период во кој имаат многу блиска соработка од кога било досега, Чавушоглу истакна дека во претстојниот процес треба да се преземат чекори за да се постигне решение за Кипар и за прашањето во Источен Медитеран.
Министерот Чавушоглу, зборувајќи дека како и досега, и во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Турција секогаш се солидаризирала со ТРСК и дека тоа ќе го продолжи и во иднина, истакна: „Но ова би сакал да го повторам уште еднаш: за процесот што следува, станува збор за период во кој ТРСК и Турција ќе имаат најблиска соработка“.
Изразувајќи надеж дека оваа атмосфера ќе се создаде по изборите, Чавушоглу изјави дека и кипарските Турци се чувствителни во однос на ова прашање.
- „Грчката страна не сака ништо да сподели со турската страна“
Чавушоглу рече дека прашањата поврзани со кипарските преговори, особено во овој период, станале изборен материјал.
„Ние во Кран-Монтана [им рековме] ’Нема да преговараме повеќе за федерација. Ова е последно преговарање, затоа да не ја испуштиме оваа можност.‘ Јас еднаш реков [претседателот на ТРСК, Мустафа Акинџи], тоа го кажа двапати. Понекогаш Акинџи тоа прв го кажуваше, а јас двапати. За ова прашање се согласивме на почетокот и на крајот на состанокот и во дискусиите меѓу нас", рече Чавушоглу.
„Зошто го велиме ова? Не затоа што се споменува на изборите. Веќе 60 години се преговараше за федерација. Дали има некаков резултат? Нема. Дали турската страна е одговорна за ова? Не. Кој е одговорен? Грчката страна. Зошто? Затоа што таа не сака ништо да сподели со турската страна. Кога ќе се формира федерација, тогаш сте принудени да ја споделите моќта. Во федерацијата мора да ја делите моќта, економијата, сè“, додаде тој.
Чавушоглу, изјавувајќи дека причината за тоа е фактот што грчката страна не сака да сподели ништо со турската страна, истакна: „Ако сакаше да сподели, ќе дојдеше до решение за споделување на тие богати јаглеводороди. Дали пристапи? Не, не го стори тоа. Затоа не станува збор дали ние сакаме или не сакаме федерација. Сакаме да бидеме реални. Да преговараме за федерација 100 години или уште 1.000 години, повторно нема да дојде до тоа.“
Шефот на турската дипломатија посочи дека затоа е потребно да се разгледаат и други опции.
„Затоа, со согласност на нашиот претседател [Реџеп Таип Ердоган], предложив одржување на неформален состанок 5 + 1 по изборите во ОН. Зошто? Треба да одлучиме за што да преговараме“, рече Чавушоглу.
Зборувајќи дека поради отсуството на опцијата за федерација, сѐ до денес, треба да се разговара и за други опции, Чавушоглу рече дека кога не се постигнува решение, кипарските Турци се жртвуваат, а ТРСК се казнува.
Истакнувајќи дека по ова, повеќе нема толеранција за загубеното време, Чавушоглу подвлече дека кипарскиот проблем е од големо значење и за ТРСК и за Турција, и додаде: „Отсега натаму, треба да бидеме во многу поблиска соработка. Отсекогаш сме биле со народот на кипарските Турци. И отсега натаму ќе бидеме со народот, покрај кипарските Турци.“
- „И во добри и во лоши денови треба да бидеме покрај ТРСК и турскиот народ на Кипар“
Министерот Чавушоглу рече дека во однос на прашањето на основните потреби, Турција ќе продолжи да ја поддржува ТРСК.
„Воврска со прашањето за снабдувањето со вода, од Мерсин преку морското дно донесовме вода на островот. Оваа технологија за првпат е применета таму. Сега се спроведува техничко одржување. Се подразбира дека тоа е потребно. Како последен кој изјави дека таму ќе протече вода, беше нашиот потпретседател Фуат [Октај]. Сега сакаат и електрична енергија. Потребно е да се намалат трошоците за електрична енергија", истакна Чавушоглу и додаде:
„Истите активности ги спроведуваме и во однос на прашањето за електрична енергија. Нашиот претседател издаде налог, се работи по тоа прашање. Како што ја транспортиравме водата, на ист начин ја транспортиравме и електричната енергија. Освен тоа, во моментов постојат и високи трошоци на постројките за конверзија на напонот. Во рамките на јавно-приватно партнерство со нови технологии постојат студии за намалување на овие трошоци. И во добри и во лоши денови треба да бидеме покрај ТРСК и турскиот народ на Кипар.“