Nazlı Yüzbaşıoğlu,Behlül Çetinkaya
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека некои земји кои наводно се борат против тероризмот останале неми или со „но“ се обидуваат да преминат преку масакрот што го извршија терористите на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Придружуван од неговиот етиопски колега Демеке Меконен, Чавушоглу присуствуваше на свеченото отворање на новата зграда на етиопската Амбасада во Анкара.
Чавушоглу во обраќањето пред присутните истакна дека Турција ќе продолжи да пружа секаков вид поддршка за африканските земји.
„Посебно ќе продолжиме со конкретната и силна поддршка за Етиопија и другите африкански земји во борбата против тероризмот“, рече Чавушоглу.
Истакнувајќи дека Турција има долгогодишно искуство во борбата против тероризмот, Чавушоглу рече дека земјата добро ја разбира борбата против тероризмот што ја водат земјите во Африка.
„Турција никогаш немала двојни стандарди, ниту била лицемерна како што тоа го прават многу западни земји. Како земја што е соочена со повеќе терористички организации, ние ќе ја продолжиме борбата против сите терористички организации како што се ПКК, ЈПГ, ДЕАШ и други“, рече Чавушоглу.
Шефот на турската демократија додаде дека земјата ќе продолжи да се бори против терористите во и надвор од државните граници за елиминирање на тој вид безбедносна закана.
Истакнувајќи дека Турција ќе ја продолжи борбата против терористите на ПКК и нивните ограноци сè додека не го неутрализира и последниот терорист, Чавушоглу рече дека терористите на ПКК уште еднаш ја покажале својата подлост кога пред два дена брутално убија 13 невини турски државјани кои претходно беа киднапирани.
„Секако дека крвта на нашите шехиди не останала и никогаш нема да остане без одмазда. Ќе ја исчистиме земјата од тие терористи, но овие два дена гледаме дека земјите што наводно се борат против тероризмот молчат или пак со „но“ се обидуваат да поминат преку масакрот извршен од терористите на ПКК“, рече Чавушоглу.