Miraç Kaya
15 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
БАЛИКЕСИР (АА) - Во рамките на истрагата за терористичката организација ПКК турското Обвинителство издаде налози за приведување на 46 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на Државното обвинителство во Баликесир води истрага за финансиските извори, затворските мрежи и внатрешното и надворешното координирање на терористичката организација ПКК.
Постапувајќи по налог на Обвинителството за приведување на 46 осомничени лица, тимовите на жандармеријата покренаа истовремени акции на подрачјето на 20 турски области.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.