Diyar Güldoğan
12 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Министрите за надворешни работи на Туркије, Русија и Сирија можно е да остварат средба на почетокот на февруари, соопшти денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, без да наведе конкретна временска рамка, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сè уште нема конкретен датум, но ќе ја одржиме оваа трилатерална средба што е можно поскоро. Можеби на почетокот на февруари“, изјави Чавушоглу за новинарите во рамките на неговата посета на Руанда.
„Туркије имаше предлози за датум до Русија“, рече Чавушоглу, отфрлајќи ги како неточни наводите за средба следната недела.
На 28 декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Туркије, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва на разговори. На средбата, највисоките претставници на одбраната се согласија да продолжат трипартитните состаноци за обезбедување стабилност во Сирија и поширокиот регион.
Во однос на суспендирањето на договорот од страна на либискиот суд за истражувањата на полето на енергенсите што Владата на Триполи го потпиша минатата година со Туркије, Чавушоглу рече: „Веднаш стапивме во контакт со [шефот на Владата во Триполи, Абдул Хамид] Дбеибе.“
„Оваа одлука не е конечна пресуда“, рече Чавушоглу, нагласувајќи дека либиската Влада стои зад Туркије.
„... На крајот на краиштата, овој договор за соработка е исклучително важен за нив како либиска Влада и држава“, додаде Чавушоглу.