Faruk Zorlu
12 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Туркије и Руанда се договорија да ги зајакнат соработката и билатералните односи во областа на безбедноста, одбранбената индустрија, културата, економијата и образованието, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денеска потпишавме два други договори за соработка. Сакаме да ја продолжиме нашата соработка во областа на културата и науката и технологијата и иновациите и решивме да ја зголемиме нашата соработка во областа на безбедноста и одбранбената индустрија“, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на заедничката прес-конференција со неговиот колега од Руанда, Винсент Бирута.
Чавушоглу рече дека разговарале за многу прашања, вклучително и економијата, културата, одбраната и образованието.
„Со општиот договор за соработка кој штотуку го потпишавме, ќе формираме Заедничка постојана комисија“, нагласи турскиот министер, додавајќи дека тоа ќе биде уште еден механизам каде што ќе можат да ги проценат сите аспекти на односите меѓу двете земји.
„Анкара, исто така, сака да го активира механизмот за политички консултации, формиран во 2016 година“, рече Чавушоглу.
Осврнувајќи се на комерцијалните работи на двете земји, тој истакна: „Нашите трговски и економски односи брзо се развиваат. Обемот на трговијата во последните три години се зголеми за повеќе од петпати.“
„Тоа значи дека постои огромен потенцијал“, рече тој, додавајќи дека двете земји треба да работат заедно за дополнително да го зголемат обемот на трговијата.
„Исто така, турските инвестиции во Руанда достигнаа речиси 500.000 долари. Тие сочинуваат 13 отсто од странските инвестиции во Руанда“, нагласи Чавушоглу.
Бирута од Руанда од своја страна ја истакна важноста на соработката меѓу двете земји, велејќи: „Потпишавме некои договори и Меморандум за разбирање кои покриваат различни сектори, вклучувајќи трговија, инвестиции, одбрана, безбедност, образование, ослободување од визи, култура и дипломатија.“
„Ние бараме да имаме уште повеќе, а исто така, разговаравме за зголемување на трговијата и инвестициите меѓу нашите земји“, додаде тој.
Бирута истакна дека обемот на билатералната трговија меѓу двете земји е зголемен од 33 милиони на 180 милиони долари.