Турција

Чавушоглу: „Нема да дозволиме нечовечко однесување во Африн“

На прашањето зошто САД и некои други земји се загрижени поради ситуацијата во Африн, Чавушоглу изјави дека терористичката организација ПКК има силно лоби во Европа и дека САД толку се вплеткале со таа организација што самите станале нејзин заробеник

Ekipa  | 20.03.2018 - Обновена : 21.03.2018
Чавушоглу: „Нема да дозволиме нечовечко однесување во Африн“

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека турските сили се многу внимателни и дека нема да дозволат пљачкање или какво било нечовечно однесување во ослободениот сириски град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу денес во Анкара се состана со шефот на севернокипарската дипломатија, Кудрет Озерсај, а потоа во обраќањето до новинарите предупреди на црната пропаганда со која поддржувачите на терористичката организација ПКК се обидуваат да шират лаги за антитерористичката операција „Маслинова гранка“, која турските сили ја спроведуваат во северозападниот дел на Сирија.

„Турските сили ја спроведуваат операцијата со максимална внимателност кон цивилите; во Африн немаше поголемо уништување на објектите како што тоа некои други сили го правеа со бомбардирањето во Источна Гута, Рака или Мосул. Мета на операциите се терористите, а цивилите во Африн се задоволни од доаѓањето на турските сили“, изјави Чавушоглу.

На прашањето зошто тогаш САД и некои други земји се загрижени поради ситуацијата во Африн, Чавушоглу изјави дека терористичката организација ПКК има силно лоби во Европа и пошироко и дека некои западни политичари под притисок даваат такви изјави.

„Меѓутоа, кога станува збор за САД, тие се загрижени затоа што се обединија со ЈПГ и го поддржуваат. Во намерата за соработка со терористите, за да се борат против други терористи, САД толку длабоко влегоа што и сами станаа заробеник на таа група. Сега таа терористичка организација им се заканува на САД и ги обвинува за предавство во Африн“, изјави Чавушоглу.

Потсетувајќи дека Турција ги предупредувала САД поради опасноста од соработката со терористите на ЈПГ/ПКК, но дека САД не ја послушале, Чавушоглу изјави дека сега Турција не ја интересира кој е загрижен и вознемирен.

„Турција ги уништи терористите што ѝ претставуваа закана. Наместо тие непотребни изјави би требало повеќе енергија да трошиме на тоа на жителите на ослободениот Африн да им овозможиме што подобри и посоодветни услови за враќање во нивните домови и нормализација на нивниот живот“, порача Чавушоглу.

Потсетувајќи дека и со претходната операција „Штитот на Еуфрат“, Турција ослободи повеќе сириски градови во кои се вратиле над 150.000 сириски бегалци, Чавушоглу изјави дека САД би требало да им помогнат на тие луѓе, а да се откажат од следење на терористите со кои се здружија.

Чавушоглу изјави дека во текот на денот телефонски ќе го повика и ќе се заблагодари за соработката на американскиот државен секретар во заминување, Рекс Тилерсон, а дека ќе разговара и со новиот шеф на американската дипломатија, Мајк Помпео, штом Конгресот ќе ја заврши процедурата за потврда на неговиот мандат.

Турција и САД имаат низа отворени прашања, вклучувајќи и несогласувања во ставовите за групата ПЈД/ЈПГ во Сирија за која Турција предупредува дека е сириски огранок на терористичката организација ПКК, додека САД ја третираат како партнер во борбата против терористите на ДЕАШ.

Ширејќи ја својата окупација од Африн кон запад и од Тел Абјад и Хасека кон исток, терористичката организација ПЈД/ПКК протера стотици илјади Арапи, Курди, Асирци и Туркмени, со цел воспоставување трајна окупација во северниот пограничен појас на Сирија.

Африн е подрачје во крајниот северозападен дел на Сирија и со источниот дел граничи со територијата која Турските сили и Слободната војска на Сирија ја ослободија за време на седуммесечната офанзива „Штитот на Еуфрат“, која заврши во март минатата година.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во средината на 2012 година без борба им ја предадоа контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın