АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека Соединетите Американски Држави (САД) треба или да ги испорачаат борбените авиони Ф-35 кои Турција ги има платено или да ги вратат парите, или наместо тоа да дадат друг производ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Доколку САД не сакаат да го решат проблемот со Ф-35 или ако Конгресот на САД го блокира тоа, Турција ќе разгледа други опции, вклучително и купување СУ-35 или СУ-57 од руско производство“, изјави Мевлут Чавушоглу во телевизиското интервју за „Си-ен-ен Турк“.
„Турција и САД се согласија да ги продолжат разговорите за решавање на проблемот околу програмата за стелт борбените авиони Ф-35“, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Во соопштението се информира за состанокот на претставници на министерствата за одбрана на двете земји во главниот град Анкара, на кој е разговарано и за финансиски прашања.
Во 2019 година Вашингтон објави дека ја вади Турција од програмата за стелт борбени авиони Ф-35 поради купувањето на системот С-400 од страна на Анкара.
Турција, сепак, нагласи дека С-400 нема да бидат интегрирани во системите на НАТО и нема да претставуваат закана за Алијансата или за нејзиното вооружување.
Анкара, исто така, континуирано предлага формирање комисија за разјаснување на ова прашање.
- Сирија -
Одговарајќи на прашање за Сирија и зголемените терористички акти во земјата, Чавушоглу рече дека ниту САД ниту Русија ги исполниле ветувањата што ги дале според договорите постигнати по турската антитерористичка операција „Извор на мирот“ за држење на терористите на ПКК/ЈПГ подалеку од турските граници.
„ПКК/ЈПГ ги зголемија нивните напади. Ниту САД ниту Русија ги исполнија своите ветувања. Мора да направиме она што е најдобро за нас“, изјави тој.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
- Случајот „Кавала“; изјавите на 10 амбасадори -
На прашањето во врска со изјавите на десетте амбасадори од западните земји во врска со случајот со Осман Кавала, Чавушоглу рече дека тие немаат право да се мешаат во внатрешните работи на Турција и секако дека немаат право да му даваат насоки на турското судство.
„Ги направивме подготовките да ги прогласиме за персона нон-грата по инструкција на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган и тоа требаше да му го претставиме на Кабинетот в понеделник. По говорот на нашиот претседател, паниката се продлабочи уште повеќе, некои од претставниците почнаа да ги пакуваат куферите, а потоа направија чекор назад“, рече тој.
Минатата недела, турското Министерство за надворешни работи ги повика на разговор амбасадорите на САД, Канада, Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Нов Зеланд, Холандија, Германија и Франција поради мешање во турското правосудство.
Ердоган во саботата му наложи на министерот за надворешни работи да ги прогласи овие 10 амбасадори за персона нон-грата, поради нивните изјави за тековниот случај со Кавала.
Десетте амбасади во Турција во понеделникот објавија дека го почитуваат членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи, кој ги повикува пратениците да не се мешаат во внатрешните работи на државите во кои дејствуваат.
Кавала се соочи со обвиненија за протестите во паркот Гези во 2013 година, мал број демонстрации во Истанбул кои подоцна се трансформираа во протести низ целата земја во кои загинаа осум демонстранти и еден полицаец. Тој беше ослободен од сите обвиненија во февруари 2020 година, но Апелациониот суд ја укина оваа пресуда во јануари.
Кавала беше обвинет и за вмешаност во поразениот пуч во 2016 година, организиран од терористичката организација ФЕТО во Турција. Во март му беше одреден притвор под обвинение за шпионирање.
news_share_descriptionsubscription_contact
