Nazlı Yüzbaşıoğlu
01 Август 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес во Истанбул се состана со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИК), Јусуф ал Усејмин, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу и Усејмин се состанаа пред состанокот на министрите за надворешни работи на ОИК, коj денес на покана на Турција по повод настаните во Ерусалим, се одржува во Истанбул.
На средбата се дискутираше за следните заеднички чекори кои треба да се преземат во повеќе области. Чавушоглу му се заблагодари на Усејмин за поддршката на ОИК по обидот за државен удар, кој на 15. јули во Турција се обиде да го изврши терористичката организација ФЕТО.
Чавушоглу претходно го прими министерот за надворешни работи на Малезија, Aнифах Аман.