Meltem Bulur
10 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека третманот врз националната фудбалска репрезентација на Турција на аеродромот во Исланд и од аспект на дипломатските практики и од аспект на човештвото не е прифатлив и нагласи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу на својот твитер-профил го коментираше долгото чекање за пасошка контрола и деталното пребарување на националната фудбалска репрезентација на Турција, на аеродромот во Исланд.
„Третманот врз националната фудбалска репрезентација на Турција на аеродромот во Исланд и од аспект на дипломатските практики и од аспект на човештвото е неприфатлив. Нашата нација да не се сомнева дека ќе го направиме тоа што е потребно“, истакна Чавушоглу на својот твитер-профил.
Фудбалската репрезентација на Турција, синоќа отпатува во Исланд, за да го одигра натпреварот со Исланд од 4. коло во групата „Х“ за квалификации на Европското првенство.
Националната фудбалска репрезентација на Турција, на аеродромот „Кефлавик“ беше задржана од исландските власти поради пасошка контрола околу два часа.
Се соопштува дека властите детално ги пребарувале приватните работи на фудбалерите и дека за време на пасошката контрола чекале долго време.