Burak Bir
09 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот медитерански туристички град Анталија го сруши рекордот со дневен влез на 85.205 туристи кои пристигнаа авионски во текот на вчерашниот ден, јавува Anadolu Agency (AA).
„Честитки, Анталија! Ова е рекорд на сите времиња во однос на пристигнување на туристи на дневна основа. На 8 јуни 2019 година, бројот на пристигнати патници изнесува 85.205“, напиша денеска на Твитер гувернерот на Анталија, Мунир Караглоу.
Тој додаде дека овој месец е регистриран пораст од 17 отсто на бројот на туристи во споредба со истиот период минатата година, односно 570.422 посетители.
Досега, годинава, Анталија ја посетиле вкупно 3.870.211 туристи, што претставува зголемување од 18 отсто во однос на минатата година.
Официјалните бројки покажуваат дека во април Анталија ја посетиле над 930.000 странски туристи.