Nilay Kar
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција е подготвена да посредува за решавање на дипломатскиот спор во регионот на Заливот, јавува Anadoly Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите во Кувајт, по официјалната посета во главниот град на Катар, Доха, Чавушоглу изјави дека Турција преферира кризата да биде решена преку дијалог со сите страни заедно, и дека земјата е подготвена да придонесе како посредник.
На 5. јуни, пет арапски земји (Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен) ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја Доха дека го поддржува тероризмот.
Катар ги негираше ваквите обвиненија, нарекувајќи го овој потег неоправдан.
Чавушоглу изјави дека до решение можеше да се дојде полесно доколку беа воспоставени јасно основните причини за овој дипломатски спор, како и барањата. Тој, исто така, ја потврди длабоката тага на Турција во врска со инцидентот.
„Она што е од суштинско значење е да се биде во можност да се придонесе за решението“, додаде тој.
Министерот изјави дека денес ќе ја посети Мека и ќе ги сподели искрените видувања на Турција во врска со кризата, за време на состанокот со саудиско-арапскиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд.
„Саудиска Арабија вистински е големиот брат на Персискиот Залив. Таа е најзначајна земја. Нејзината улога е многу важна за мирот и безбедноста на регионот", изјави Чавушоглу, додавајќи дека регионалната стабилност и безбедност се исто така важни за безбедноста и стабилноста на Турција.
„Ова не е само слоган,туку е факт“, рече тој.
Министерот, исто така, изјави дека не може да стане збор за тоа Турција да прави разлика помеѓу земјите во Заливот. „Ова не би било во наша корист“, рече Чавушоглу.