Emin Avundukluoğlu
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека единствена цел на Анкара во Источниот Медитеран е да ги заштити правата на кипарските Турци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е единствената работа што ја сакаме. Да загарантираме дека правата на кипарските Турци ќе бидат прифатени од администрацијата на кипарските Грци, Грција, ЕУ и сите останати“, изјави Чавушоглу на состанокот на Парламентарното собрание на Медитеранот (PAM) во турскиот главен град, Анкара.
Дводневниот состанок во турскиот Парламент ќе трае до утре.
Чавушоглу изјави дека политичките решенија ќе се појават во Источниот Медитеран кога луѓето ќе научат да споделуваат согласно законот.
„[Подоцна] нема да имаме проблеми со споделување на богатството [во регионот]“, рече Чавушоглу.
Тој ги пофали напорите на Парламентарното собрание на Медитеранот за пронаоѓање решение за Источниот Медитеран.
Турскиот брод за дупчење (сондажа) „Фатих“ во моментот спроведува активности за истражување и дупчење во областите каде што е лиценциран од страна на Турската Република Северен Кипар. Вториот брод „Јавуз“, се очекува да биде оперативен во јули.
Активностите на турскиот брод „Фатих“ целосно се концентрирани на континенталниот гребен на Турција, според препораките на ОН и во рамките на дозволите што Турција ги додели на „Турски петролеум“ во текот на изминатите години.
Турција постојано ја обвинува администрацијата на кипарските Грци за едностраните дупчења во Источниот Медитеран, нагласувајќи дека кипарските Турци, исто така, имаат права на ресурсите во подрачјето.