Ayşe Yıldız,Servet Tümer
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на повикот за демократија во Анталија, изјави дека водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, ќе биде донесен во Турција и дека САД, доколку има закони и право, ќе го испорача Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу потсети дека во ноќта кога воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО се обидоа да извршат државен удар, тој бил во Самсун, град на турскиот брег на Црното Море.
"Кому му се потребни овие предавници, овие злосторници, оние кои имаа намера да му наштетат на народот и земјата? Да му служат на ѓаволот. Тие му служат на човек кој мислат дека е пророк. Се прашувам кој ги контролира, кој го држи конците?", Праша Чавушоглу.
Тој потсети дека на 15 јули со тенкови е газен народот, жени, деца и дека на сите страни е пукано од хеликоптер.
Министерот за надворешни работи на Турција, рече дека сите предавници кои и покрај молбите да не го прават тоа, пукаа врз жени, ќе положат сметка за тоа.
"Сега излегуваат под мостовите, од канализациските отвори. Како глувци побегнаа во Грција за да се скријат. Каде и да сте скриени, ние ќе ве извадиме од таму и ќе си ги платите сметките поради предавство", рече Чавушоглу.
Тој додаде дека од ударот до денес јасно се гледа кој е, а кој не е пријател на Турција, истакнувајќи дека за ова историја народот ќе чита и по сто години.
"По 22 дена почна да им доаѓа во главата, некои од нив велат да ја промениме Турција, каде сте веќе 22 дена? Ни зборувате за човекови права, за чии човекови права зборувате? Правата на оние кои фрлаа бомби од воздух на жени и деца кои се спротиставуваа на овие бомби?", рече Чавушоглу.