Meltem Bulur
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Анкара изјави дека откако Ал Баб е ослободен од терористичките елементи, сега градот Мунбич е во фокусот, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу при средбата со претставниците на странските медиуми во Турција изјави дека цел на неговата земја од терористичките елементи е да се исчисти и градот Мунбич, откако неодамна во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, и градот Ал Баб беше исчистен од припадниците на терористичката организација ДЕАШ.
„Кога веќе ќе стигнеме во Мунбич, ќе дејствуваме на ЈПГ доколку таму се сретнеме со нив, тоа веќе го реков и претходно“, изјави Чавушоглу зборувајќи за можноста при операцијата во Мунбич да дојде до судири со групата ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на ПКК кој е на листата на терористички организации во ЕУ и во САД.
Турскиот министер зборуваше и за посетата на Холандија, која е планирана за претстојниот викенд, во чии рамки требаше да учествува во активностите на тамошната турска дијаспора, а поради што претставниците на холандската власт и опозицијата претходно негодуваа.
„За учеството во програмите во Холандија ќе разговарам со тамошниот колега. Доколку ме замоли да допатувам во посета по изборите, ако ме замоли учтиво, без притисоци, тогаш ќе отпатувам по изборите таму, овој петок или сабота. Меѓутоа, доколку каже дека за нив е тешко да се прифати која било опција, тогаш ќе отпатувам таму оваа сабота“, изјави Чавушоглу, додавајќи дека митингот во пресрет на референдумот за уставни реформи во Турција во холандскиот град Ротердам ќе биде одржан без оглед на сите обиди на тамошните власти тој да биде спречен.
Чавушоглу појасни дека денес го очекува одговорот на холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс, со кој ќе договори посета во Холандија, а од денешниот разговор на двајцата министри зависи дали турскиот шеф на дипломатијата ќе патува во Холандија по изборите во таа земја, кои ќе бидат одржани во средината на март.