Sibel Uğurlu
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој, Омер Челик, во врска со сириската криза изјави дека политиките кои ќе водат до создавање втор Авганистан на Медитеранот треба да се избегнуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференцијата во седиштето на партијата во Анкара, Челик изјави дека некои земји ги користеле терористичките организации како ополномошници во Авганистан и дека сега е невозможно да се контролираат.
Тој нагласи дека истата работа може да се случи во Сирија, доколку не се прекине поддршката за терористичките организации.
Челик изјави дека жртвите на овие ирационални политики кои се докажале дека се погрешни, многупати ги повредуваат Авганистанците, Сиријците и оние кои сакаат демократија и човекови права.
„Политиките што ќе формираат втор Авганистан на Медитеранот треба да се избегнуваат, бидејќи светот плаќа висока цена за одржување на стабилноста во Авганистан“, изјави Челик.
Турција остро ја осудува поддршката на Соединетите Американски Држави (САД) на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, кои како изговор за тоа ја користат борбата против ДЕАШ.
„Сепак, доколку испраќате камиони со оружје на терористичката огранизација ЈПГ/ПЈД/ПКК, доколку ја прифаќате како легитимна сила под изговор за борба против ДЕАШ, и згора на тоа, ако на Република Турција, вашиот сојузник во НАТО, за оваа терористичка организација ѝ велите ’Таа е наш сојузник со која работиме на тоа поле',... тогаш ќе создадете уште еден Авганистан во светот со своја рака и пари.“
„Ситуацијата источно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија е примарна закана за Турција и Анкара ќе ја елиминира“, изјави тој, мислејќи на присуството на терористите на ЈПГ/ПКК во регионот.
„Оние кои зборуваат за територијалниот интегритет на Сирија и суверенитетот на нејзиниот народ, треба да преземат принципиелен став против терористичките организации“, изјави Челик, предупредувајќи дека тие врски со терористичките групи го одложуваат политичкото решение во Сирија.
Во врска со одлуката на САД да се повлечат од Сирија, Челик изјави: „Турција го има капацитетот да се бори против ДЕАШ и да ја преземе (одговорноста за) безбедноста во Мунбич. На тој начин Турција има капацитет да формира безбедносна зона во Сирија.“
Трамп во декември изненадно соопшти дека САД ќе ги повлечат своите војници од Сирија. Неговата одлука следуваше набргу по телефонскиот разговор со турскиот претседател Ердоган во кој двајцата лидери се согласија за потребата од поефикасна координација во Сирија.