Özgür Alantor
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
КАСТАМОНУ (АА) - ОЗГУР АЛАНТОР -
Персоналот на Дирекцијата за нациоални паркови и заштита на природата во турскиот град Кастамону спаси шест новородени верверици и се грижи за нив како за миленичиња, пишува Агенција Анадолија (АА).
Вервериците во грижливите раце на персоналот на дирекцијата дојдоа откако ги повикал мештанин кој ги нашол во исушено стебло на цреша која ја исекол во својот двор.

Ветеринарката Аслихан Бабаш Озтурк за АА рече дека извесно време почекале со надеж дека мајката верверица ќе се врати по 10-дневните младенчиња, но дека потоа тие биле донесени во просториите на Дирекцијата.
„Тие беа многу мали и им беше потребна грижа. Прво ги прегледавме и ги исчистивме од паразити, а потоа продолживме да ги храниме и да се грижиме за нив“, рече Озтурк.
Истакнувајќи дека малите верверички се хранат со млеко, Озтурк рече дека ќе бидат потребни најмалку уште три недели грижа за овие животни да можат самостојно да живеат во природата.
Таа рече дека малите верверички ќе бидат испратени во Центарот за зачувување на диви животни во Синоп, а дека потоа ќе бидат пуштени во природното живеалиште.