Ekipa
10 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Шестмината обвинети за бомбашкиот напад на улицата „Мерасим“ во Анкара на 17 февруари 2016 година, во кој се убиени 29 лица, се осудени на 30 пати отежната доживотна казна затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
По нападот во Анкара на 17 февруари 2016 година, против бомбашите што го изведоа нападот е започната судска постапка во која се обвинети 68 лица, меѓу кои се наоѓаат и високи функционери на ПКК.
Судот на крајот од постапката, на обвинетите Кудбетин Онур, Ахнет Караман, Мухарем Џаникли, Хајретин Томак, Хусејин Карадаш и Метин Аслан им досуди 30 пати отежната доживотна казна затвор.
Како што се наведува во судската одлука, обвинетите се осудени поради „напад врз државниот поредок и единството на земјата“, како и за „убиство со умисла“.
Во бомбашкиот напад што беше извршен на 17 февруари 2016 година во Анкара, животот го загубија 29 лица, а 87 се ранети.