Ekip
18 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
АНКАРА (AA) - Ширум Турција, но и во светот на различни начини се одбележува 102. годишнина од Поморската битка кај Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Битката кај Чанаккале, во Европа е попозната како Битка на Галиполе и една од најкрвавите и најжестоките битки во Првата светска војна, но, според многу показатели, и во историјата воопшто.
Поморската битка која, помеѓу 3. ноември 1914 и 18. март 1915 година е водена кај Галиполе, како и копнена битка која на Галиполе се одвиваше од 25. април 1915 до 9. јануари 1916. година, се битки кои заземаат најзначајно место во Турција, а и пошироко.
Ширум Турција денеска се одржуваат различни церемонии на сеќавање на загинатите борци во таа битка, кои потекнувале од речиси сите делови од некогашното Османлиско царство.
Во џамиите ширум Турција на утринската молитва, беше прочитана молитва за душите на загинатите, а на церемонијата ширум земјата освен интонација на химната на Република Турција, одржан е и едноминутен молк.
На централната манифестација во Чанаккале присуствува и претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.
Освен тоа, во Чанаккале денеска ќе биде поставен камен темелник на мостот преку Дарданел, кој е еден од турските мегапроекти.